ВИДЕО: Анчелоти знае како со великаните, горчливи „карамели“ за Арсенал!

Фото: EPA-EFE/Clive Brunskill/POOL

Нов пораз на Арсенал сезонава во Премиер лигата, вечерва на стадионот „Гудисон парк“ загуби од Евертон со резултат 2:1.

Сите голови беа реализирани во првото полувреме, домаќинот водеше од 22 минута благодарение на автоголот на Холдинг.

Израмни Пепе од пенал во 35 минута, а конечниот епилог го постави Мина после асистенцијата на Мина непосредно пред паузата.

На табелата Евертон е на втората позиција со 26 бодови, пет помалку зад водечкиот Ливерпул, додека „топчиите“ се на 15 место со 14 бодови.

„Карамелите“ можат да се надеваат на нов триумф во наредното коло во кое се сретнуваат со последнорангираниот Шефилд јунајтед, а кризата на играчите на Артета би можел да продолжи и во следниот меч во кој ќе имаат тешка задача против Челси.

ВИДЕО: Голот на Стерлинг доволен за радост на „граѓаните“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот