
ВИДЕО | Анализа: Колку е силен ураганот на Али Ахмети?
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се закани со силен отпор доколку Уставниот суд го укине Заканот за употребата на јазиците.
Препорачано
– Али Ахмети рече дека доколку се смени една точка или запирка од Законот, власта ќе го почувствува ураганот на ДУИ и ќе доживее невиден отпор од членовите на оваа партија. Ахмети дополни и дека секогаш биле заедно со Македонците, но нема да дозволи тие да бидат господари, а Албанците слуги. Ахмети доби повеќе одговори од бројни политичари коишто не се сложуваат со неговите квалификации. Премиерот Мицкоски му порача да го намали притисокот кон Уставниот суд, Изет Меџити го нарече делегитимиран политичар, а Билал Касами го потсети дека е опкружен со луѓе од црната листа на САД. Токму последното, односно дека високи функционери на ДУИ се најдоа на црната листа на американскиот Стејт департмент, сметам дека е многу силен удар врз интегритетот на партија од кој тешко дека со актуелното раководство ќе може да се оправи и дека ДУИ треба да се подготвува за подолготраен претстој во опозиција – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
20мин
-
25мин
-
26мин
-
27мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5