Американски брод во руските води/ Фото Twitter Screenshot

ВИДЕО: Американски разорувач се обидел да навлезе во руски води

Американски брод разорувач Чејфи денеска се обиде да навлезе во руски територијални води во Јапонско Море, но беше спречен од русиот противподморнички брод на Тихоокеанската флота „Адмирал Трибуц”.

Американскиот разорувач бил предупреден за недозволена постапка, како и дека се наоѓа во подрачје затворено за пловидба поради руско-кинеската воена вежба што се одржува од 14 до 17 октомври, пишува Дејли Меил.

Американскиот брод го напуштил регионот кога рускиот брод му се приближил на 60 метри.

По инцидентот руското Министерство за одбрана го повика на разговор американскиот воен аташе на кого „му е укажано на непрофесионалните постапки на екипажот на американскиот разорувач на американската морнарица Чејфи”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот