Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО: Алкараз се појави со нов имиџ и со победа без изгубен сет го стартуваше САД Опен

Карлос Алкараз го започна настапот на САД Опен со сигурна победа над Американецот Рајли Опелка, совладувајќи го во три сета со 6-4, 7-5, 6-4. Натпреварот траеше нешто повеќе од два часа, а шпанскиот тенисер одигра точно онолку колку што беше потребно за да обезбеди пласман во второто коло на последниот грен-турнир оваа сезона.

Алкараз го одлучи секој од сетовите со по еден брејк, а притоа успеа да ги неутрализира сите три брејк топки што ги имаше Опелка. Иако Американецот имаше повеќе директни поени (винери), 33 наспроти 23 на Алкараз, сепак неговите 32 неизнудени грешки беа клучни, дури 15 повеќе од фаворитот во овој меч.

Освен победата во спортската јавност се коментира и изгледот на шпанскиот ас. Алкараз на теренот се појави со кратка коса и целосно нов имиџ. Овој потег ги изненади сите, особено бидејќи само пред неколку дена на тренинзите беше со старата, препознатлива фризура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот