Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ kelc33

ВИДЕО | Актерот од „Игра на тронови“ има 200 килограми и 2 метри: Сопругата е минијатурна, откри како им изгледа интимата

Еден од најнеобичните парови на јавната сцена секако е Хафпор „Тор“ Јулијус Бјорнсон кој глумеше во серијата „Игра на тронови“ и неговата сопруга Келси.

Хафпор „Тор“ Јулијус Бјорнсон, попознат како „Планината“ од „Игра на тронови“ е висок 206 сантиметри, а неговата тежина варира помеѓу 180 и 200 килограми.

Редовно учествува на натпреварот „Најсилниот човек на земјата“. И би помислиле дека е оженет со жена која физички му одговара, но тој љубовта ја нашол со Келси Хенсон, висока 157 сантиметри и тешка само 50 килограми. Што значи дека Келси е половина метар пониска од сопругот и 130 килограми полесна.

@kelseyhenson33 @Hafþór Júlíus ♬ оригинальный звук – Нургелды Dragon ?

Оваа двојка со хумор ги прифатила разликите, па речиси секој ден објавуваат видеа на кои ја покажуваат физичката разлика меѓу нив.

„Никогаш не се вклопувате во рамка… Проблемот на ниските луѓе кога се со високи луѓе“, напиша тогаш оваа 34-годишна девојка на Инстаграм.

Ова секако не е единствениот проблем со кој се соочуваат поради разликата во висината. Многумина се прашуваат и како успеваат да се бакнуваат или како изгледаат нивните интимни односи. Овие незгодни детали сопружниците решија да им ги откријат на обожавателите.

@kelseyhenson33 ?? @Hafþór Júlíus ♬ original sound – miabratteberg

“Како се бакнувате? Дали секој пат му скокаш во прегратките и ги завиткуваш нозете околу неговата половина? Ве молиме споделете слика од оваа импресивна акција”, напишал еден од нејзините следбеници на Инстаграм.

“Ах, тој се наведнува, а јас се качувам на прсти. Или само си велиме „Батали, само крени ме”, признала оваа минијатурна госпоѓа.

Тие се запознале пред неколку години во еден бар каде што Келси работела како келнерка и веднаш си се допаднале. Тие во 2018 година размениле свадбени завети, а го имаат синот Стормура, додека Хапфор од претходната врска ја има и ќерката Терезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот