Фото: Инстаграм / скриншот

ВИДЕО: 52-годишен српски моторџија фатен во неверојатен прекршок

Српската полиција во неделата, на Велигден, околу 14 часот во местото Дивци кај Ваљево со т.н. „пресретнувач“ запрела и исклучила од сообраќај 52-годишен возач со иницијали П.М., кој на патот Ваљево-Лајковац управувал мотоцикл „Кавасаки“ со брзина од неверојатни 202,2 километри на час, на дел од патот каде брзината е ограничена на 80 километри на час.

Во моментот на прекршокот, сопатничка на мотоциклот била и 50-годишната сопруга на возачот, која не носела заштитна кацига, информира српското МВР, кое објави и снимка од „лудачкото“ возење.

Од увидот е утврдено дека на моторот му е истечена налепницата за регистрација, поради што тој е исклучен од сообраќај. Против возачот е поднесена пријава за насиличко возење, како и казна поради нерегистрираниот мотор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот