EPA-EFE/Sander Koning

Венус Вилијамс и Каролине Вознијачки добија вајлд-карти за САД Опен

Американската тенисерка ќе го забележи своето 24. учество на овој грен-слем. Данската тенисерка првпат ќе игра на грен-слем по 2020 година, откако неодамна се врати од пензија

Венус Вилијамс (43) ќе учествува на грен-слем турнирот САД Опен откако доби вајлд-карта од Тениската асоцијација на САД (УСТА). Ова ќе и биде рекордно 24. учество на Вилијамс на овој турнир.

Седумкратната гренд-слем шампионка Вилијамс, која сега е рангирана на 533. место на ВТА листата, дебитираше на САД Опен во 1997 година а ја освои титулата во 2000 и 2001 година.

Откако паузираше шест месеци поради повреда, Вилијамс се врати во јуни, а неделава ја забележа својата прва победа против топ-20 тенисерка победувајќи ја Вероника Кудерметова (16-рангирана на ВТА) на Мастерсот во Синсинати.

Данката Каролине Вознијачки (33) ќе го има својот прв грен-слем настап по повлекувањето по Австралија опен 2020, откако на поранешниот светски рекет број еден исто така му беше дадена вајлд-карта за САД Опен.

Таа се пензионира во 2020 година за да основа семејство, но направи камбек на неодамнешниот канадски опен по повеќе од три години оддалеченост од спортот.

САД Опен, последниот грен-слем во годината, започнува на 28 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот