Велика Британија ќе го замрзне имотот на 386 пратеници на руската Дума

 Велика Британија најави замрзнување на имотот и забрана за патување на 386 пратеници на руската Дума кои гласаа за независност на двата региони во источна Украина.

Министерката за надворешни работи Лиз Трас го најави овој пакет санкции поради поддршката на овие пратеници за регионите Луганск и Доњецк, соопшти Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

Во соопштението, Министерството за надворешни работи наведува дека новите санкции „ќе им забранат на наведените лица да патуваат во Велика Британија, да пристапуваат до имотот што го имаат во оваа земја и да прават бизнис тука”.

– Нема да се откажеме од притисокот и ќе продолжиме да ја погодуваме руската економија преку санкции. Заедно со нашите сојузници, цврсто стоиме покрај нашите украински пријатели. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина со хуманитарна помош, одбранбено оружје и дипломатска работа за меѓународна изолација на Русија, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот