
Ведрана Рудан се пријавила за евтаназија во Швајцарија: „Не сакам да умирам на рати“
Ведрана Рудан неодамна гостуваше во емисијата на Александар Станковиќ на ХРТ. Позната хрватска писателка, која е почитувана во целиот регион, проговори за својата болест и откри непознати детали од борбата со ракот.
Препорачано
„Имам исклучително агресивен рак наречен рак на жолчните канали и многу е тешко да се открие. Јас сум жена која сака сѐ да контролира“, изјавила Ведрана па додала дека доколку заминала подоцна на лекар ќе живеела уште 3 месеци, но ракот бил откриен и опериран на време.
„Издавачот ми плати 10.000 евра кога му реков дека имам рак. Му реков дека имам нова книга, не можам да одам на промоции, но тоа за нив е добро – кога писателот ќе умре, тиражот се зголемува“, продолжила таа.
Ведрана признала дека сакала да оди на евтаназија
„Не сакам да умрам на рати. Сакам евтаназија. Јас и мојот сопруг штедевме со години. Таа чини 17.000 евра. Се јавив, почнавме да се допишуваме, им ги испратив резултатите, ме прифатија и платив членарина. Потоа бараа дополнителни документи и ми кажаа дека 85% од луѓето се откажуваат. Им раскажав на моите деца и сопругот дека ќе треба да поминам малку време таму … Во меѓувреме станав слаба и се откажав“, изјавила Ведрана.
Нејзината вера во луѓето се вратила додека на онкологија
„Во болница одев за да ми помогнат да умрам. И тогаш наидов на ѕид, ми забранија да умрам таму. Но, луѓето таму … таму работат деца, најстарото можеби имаше 26 години. Една млада медицинска сестра зборуваше со вената во која требаше да стави инфузија. Гледав како тоа дете зборува со вената, како би можела на жената да ѝ даде живот. Тоа многу ме потресе, тие се прекрасни деца“, раскажала писателката, па додала:
„Ме направи среќна што ќе умрам знаејќи дека има добри луѓе. Повторувам – тие деца, тие се мизерно платени, но прекрасни. Луѓето не ја разликуваат реалноста од фикцијата. Јас сум писателка. И кога пишувам во прво лице за децата, луѓето мислат дека пишувам за моите деца. Така, српските таблоиди пишуваат дека син ми не ме посетувал шест месеци додека бев болна.
За љубовта
„Љубовта е ретка битка. Луѓето сакаат да ме читаат затоа што пишувам за омразата, но вистинската љубов е многу ретка. Јас сум 38 години со еден човек кој е мојот живот, но не сакам да пишувам за тоа. Тој и моите деца се мојата љубов“, раскажала Ведрана.
„Чувствувам потреба да пишувам затоа што тогаш сум жива, но прстите не ми работат. Тогаш мојот сопруг мора да дешифрира што сакам да кажам, син ми го става на блогот. Потоа сите го споделуваат, на моја голема радост. Кога ќе видам како се шири мојот текст, знам дека сум жива и тоа ме одржува“, објаснила таа.
„На сите луѓе кои мислат дека сум лоша мајка, им велам: „е**те се“. Јас сум слободна. Тоа е она што жените најмногу ми замеруваат. Имав татко кој беше груб со мене и со сестра ми, но тој беше опседнат со слободата, толку полн со презир кон авторитетот. Јас сум како него. Цел живот давам отпор. Се гордеам со себе што продавам приказни, но не се продадов себе“, додаде таа.
„Јас сум бесмртна“
На крајот, Ведрана изјавила: „Сакам да кажам дека има многу луѓе кои ме сакаат и кои ги сакам. И дека сум бесмртна. Нека ја сфатат мојата смрт како одење во област без сигнал“.