
Вечерва во Њујорк се враќаат ангелите на „Викторија сикрет“: По пистата ќе прошетаат најубавите жени на светот
Ревијата на „Викторија сикрет“, најголемиот моден настан вечерва се враќа во Њујорк.
Препорачано
Модното шоу на „Викторија сикрет“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:00 часот по источно време (во 1:00 часот по полноќ кај нас). Оваа година ревијата се одржува во Њујорк, градот во кој се роди модното шоу на „Викторија сикрет“.
Најавија дека на ревијата ќе има многу познати модели – Тајра Бенкс се враќа на модната писта за првпат по 20 години. Ќе ѝ се придружат Адријана Лима, Џиџи Хадид, Палома Елсесер, Иман Хамам, Кендис Свинепул, Грејс Елизабет, Тејлор Хил, Мајова Николас, Девин Гарсија, Барбара Палвин, Бехати Принсло, Ешли Греам, Јасмин Тукс и многу други модели.
За првпат на модната писта на новата ревија на „Викторија сикрет“ ќе прошетаат плус сајз модели. Во минатото, „Викторија сикрет“ постојано беше мета на критики за претставување на слаби модели. На тоа сега сакаат да се спротивстават. На модната писта ќе прошета и плус-сајз моделот Ешли Греам.
Оваа година, „Викторија сикрет“ ќе ја пренесува модната ревија во живо на социјалните мрежи и на Амазон. Обожавателите можат да ја гледаат во живо на Инстаграм, Јутјуб и Тикток на „Викторија сикрет“. Шер ќе настапи во музичкиот дел од вечерта, пренесува магазинот „Пипл“ (People).
Ревијата последен пат се одржа во 2018 година.
Од 1995 до 2018 година, модното шоу на „Викторија сикрет“ беше еден од најголемите модни настани во годината. Ревијата последен пат се одржа во 2018 година во Њујорк, а една година подоцна беше откажана поради низа скандали кои им се припишуваа на челниците на компанијата.