Важна лекција што ја научил Бил Гејтс: Можам да купам сѐ што сакам, но не можам да купам една работа

Бил Гејтс / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Како извршен директор на „Мајкрософт“, Бил Гејтс секогаш имал преполн работен распоред, дури на своите вработени им испраќал задачи во 2 часот наутро.

Дури кога го видел личниот дневник на генералниот директор на компанијата „Berkshire Hathaway“ и неговиот пријател Ворен Бафет, Гејтс научил малку да се опушти, но исто така да ги опушти и своите вработени.

„Секоја минута ја имав спакувано и испланирано, мислев дека тоа е единствениот начин на којшто можеш да ги направиш работите“, му рекол Гејтс на новинарот Чарли Роуз во интервјуто во 2017 година.

„Се сеќавам дека Ворен еднаш ми го покажа својот календар… Тој имаше денови кои му беа целосно слободни.“

Пореткиот распоред на Бафет го научил Гејтс важна лекција: „Вие го контролирате своето време… Не е показател на вашата сериозност доколку секоја минута во вашиот календар е пополнета со обврски и задачи.“

„Во основа, можам да купам сѐ што сакам, но не можам да го купам времето“, објаснил порано Бафет.

Методот на Бафет кој во суштина е стара поговорка – „работи попаметно, а не потешко“, всушност е поддржана со науката. Стручноста на работниците нагло опаѓа кога работат повеќе од 50 часа седмично, покажало истражувањето на Универзитетот Стенфорд од 2014 година.

Луѓето кои работат до 70 часа неделно, ја извршуваат истата количина на работа како и оние кои работат по 55 часа, покажало истражувањето.

Гејтс не е единствениот извршен директор којшто ја научил таа лекција на потежок начин. На пример, извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, којшто пртходно рекол дека редовно работи навечер, сега спие најмалку по шест часа во текот на ноќта, изјавил тој за „Си-ен-би-си“ во мај.

„Се обидов да спијам помалку, но… Иако сум буден повеќе од шест часа, помалку работам“, рекол Маск, па додал: „А, нивото на болка во мозокот е лошо ако спијам помалку од шест часа во текот на ноќта“.

На некои луѓе можеби нема да им биде лесно да ја исполнат оваа цел. На Гејтс му биле потребни години за да ја пронајде здравата рамнотежа меѓу работата и животот, рекол во неодамнешниот воведен говор на Универзитетот Северна Аризона.

„Кога бев на ваши години, не верував во одмори. Не верував во викенди. Не им верував ниту на луѓето со коишто работев“, рекол Гејтс.

„Немојте да чекате толку долго за да ја научите оваа лекција. Одвојте време да ги негувате своите односи, да ги славите своите успеси и да закрепнете од загубите. Одморете кога ви е потребно тоа. Олеснете им и на луѓето околу вас кога ќе им биде потребно тоа“, порачал Гејтс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот