фото: kfsm.mk

Василев пред четвртфиналето на ЕП: Одбраната ќе одлучува против Велика Британија

Кошаркарската репрезентација на Македонија „Под 20“ години, успешно ја заврши првата фаза од Европското првенство од „Б“ дивизија кое се организира во Скопје. Нашите млади кошаркари како првопласирани во групата влегуваат во борбата за медалите, и места кои носат промоција во „А“ Дивизијата“.

А како прв противник во нокаут-фазата, онаа четвртфиналната, ќе биде селекцијата на Велика Британија. Натпреварот ќе се игра утре (петок) од 18.30 часот во СРЦ „Кале“, а селекторот Никола Василев, како и пред секој меч е максимално внимателен:

– Одигравме четири натпревари досега, и со секој нов меч растевме, и секој од нив беше посебна битка. Кажав и пред почетокот на првенството дека Чешка е еден од фаворитите и тоа се оствари, тој дуел го загубивме, но потоа фативме некоја форма и остваривме три победи по ред. Задоволен сум од прикажаното и со нетрпение го очекуваме она што следува – потенцира селекторот по истекот на првиот дел од првенството.

Сите кошаркари се максимално подготвени за наредните предизвици на турнирот во Скопје. Следни ривали ни се Британците кои физички се многу силни и подоминантни во однос на нас, тим во кој сите трчаат 40 минути. Но како што смета Василев, ние сме сигурни во нашите квалитети и ќе се обидеме да ги искористиме.

– Мислам дека клучот за успехот на мечот против Велика Британија ќе биде само добрата одбрана. Се надевам дека со добра игра ќе се вмешаме во борбата за медалите и ќе ја оствариме најголемата цел на ова првенство, пласман во А-дивизијата. Би сакал да ги поканам љубителите на кошарката и навивачите да дојдат во СРЦ „Кале“ и да ни дадат поддршка на патот кон полуфиналето – вели Василев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот