фото: facebook.com/RK Vardar 1961

Вардар 1961 со победнички старт во Супер лигата, Јапонецот Кавада прв стрелец

Во својот прв натпревар еден од фаворитите за титулата во домашната Супер лига, ракометарите на Вардар 1961 триумфираа на гости против Струга со 38:25.

После првото полувреме играчите предводени од тренерот Иван Чупиќ имаа позитива од 20:11.

Јапонскиот среден бек на скопските „црвено-црни“, Харуки Кавада беше најефикасен со девет голови, следен од Ален Ќосевски со пет.

На спротивната страна Стефан Атанасовски запиша седум погодоци, додека по четири Филип Пајкоски и Бобан Савески.

Супер машка лига

1. коло

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 20:29
Струга – Вардар 1961 25:38

Денеска
18.30 часот РК Прилеп – Еурофарм Пелистер 2
19.00 часот МРК Куманово – Радовиш
19.00 часот РК Пролет – ГРК Тиквеш 2014

10 септември
18.30 часот Алкалоид – ГРК Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот