
Вардар 1961 на чекор до Ф4 турнирот во Купот
Вардар 1961 како домаќин на четвртфиналната група од Купот на Македонија без проблеми се пласираше во финалето од групата откако со 42:24 (21:12) го совлада Тиквеш од Кавадарци.
Препорачано
Иако „црвено-црните“ настапија без седуммина играчи, тоа беше можност за тренерот Стевче Алушовски да им даде шанса на оние што помалку играат во мечевите од ЛШ и од СЕХА лигата.
Во финалето од групата сега Вардар ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Радовиш и Астраион. Најдобриот од групата ќе игра на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
По триумфот против Еурофарм Пелистер во домашното првенство во саботата, оние што најмногу го понесоа товарот добија одмор. На првиот, утрински натпревар во составот на Вардар ги немаше Стоилов, Гаџа, Дибиров, Ристовски, Чупиќ, Валчак. Затоа повеќе минутажа добија Векиќ, Јагуриновски, Атанасовски, Димитриоски, Карапелевски.
Гостите од Кавадарци беа без Јанчев нивниот најдобар ракометар, но и без тоа немаа шанса против ракометарите на Вардар кои особено „силно притиснаа” во второто полувреме кога направија и најголема разлика од „плус 18″ гола.
Вардар 1961 – Тиквеш 42:24 (21:12)
Вардар 1961: Шеваљевиќ 1, Јагуриновски 9, Димитриоски 10, Георгиевски, Карапалевски 6, Дисингер, Јотиќ 3, Калараш, Талески 1, Векиќ 3, Атанасовски 6, Кантагрел, Мишевски 3, Кизиќ.
Тиквеш: Стојановски, Ѓорѓиевски, Колоски, Лазов 1, Медиќ 1, Смиљаниќ 6, Гошевски 2, Петров, Кондев, Коцев 2, Симиќ 11, Милков 1, Велков, Димитров.