Фото: РК Вардар

Вардар 1961 го дозна распоредот во Лига Европа: Прв ривал е Сесвете од Хрватска

Познат е распоредот и саатниците за натпреварите на ракометниот клуб Вардар 1961 во групната фаза од новата натпреварувачка сезона во Лига Европа.

„Црвено-црните“ ќе играат во групата Ф, а во првото коло на домашен терен ќе се соочат со Сесвете од Хрватска на 14 октомври.

Тимот предводен од тренерот Иван Чупиќ својот последен меч од групната фаза ќе го игра пред своите навивачи против францускиот Тулуз на 2 декември.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
14.10.2025 – Вардар – Сесвете (18,45 ч.)
21.10.2025 – Тулуз – Вардар (18,45 ч.)

11.11.2025 – Кристијанштад – Вардар (18,45 ч.)
18.11.2025 – Вардар – Кристијанштад (18,45 ч.)

25.11.2025 – Сесвете – Вардар (20,45 ч.)
02.12.2025 – Вардар – Тулуз (20,45 ч.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот