Фото: Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

„Ужасно брилијантен“: Ова е најстрашниот хорор филм направен некогаш, критичарите воодушевени

Долгоочекуваниот хорор филм „Носферату“ во режија на Роберта Егерс неодамна ја имаше првата проекција пред филмските критичари, а нивните реакции за филмот се повеќе од ветувачки.

„Носферату“ е римејк на истоимениот германски експресионистички филм од 1922 година, кој е инспириран од романот „Дракула“ на Брам Стокер.

Покрај режијата на филмот, Егерс го напиша и сценариото.

Критичарите се воодушевени

„Носферату“ на Егерс првпат беше прикажан пред критичарите во Лос Анџелес и Њујорк на 7 ноември оваа година. Некои од нив ги поделија сите реакции на платформата Икс.

Клејтон Дејвис, критичар кој пишува за Варацети, рече дека новиот филм на Егерс е „прекрасен и застрашувачки брилијантен“, а особено го импресионирале  Деп и Скарсгард.

„Носферату е хипнотички, психосексуален кошмар. Лили-Роуз Деп дава извонредна изведба, која е дополнително засилена со фантастичниот Николас Холт. Бил Скарсгард е неверојатен и непрепознатлив како грофот Орлок, а неговиот пристап е инспириран од изопачена романса на оваа мрачна бајка“, напиша Ендрју Џеј Салазар.

„Носферату на Роберта Егерс е на врвот на овогодинешниот хорор. Неверојатно“, напиша Кортни Хауард.

Жермен Лузиер, кој пишува за Gizmodo, рече дека „Носферату“ не му е омилен филм на Егерс, но сепак е спектакуларен и има навестувања за мрачен хумор.

Филмот „Носферату“ пристигнува во кината на 25 декември 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот