Уставните судии се премислија за помилувањата на Иванов: Ќе го чекаат парламентот да го толкува Законот

Уставните судии се премислија и решија засега да не одлучуваат за поништувањето на помилувањата кои ги даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во 2016 година.

Според нив, треба да се почека Собранието да започне постапка за толкување на членовите од Законот за помилување, а потоа тие да одлучуваат за нивната уставност.

Судот после Собранието ќе ослучува дали Иванов можел да ги поништи помилувањата кои ги даде на 56 лица во 2016 година, меѓу кои Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Зоран Заев, Зоран Верушевски и други.

Уставните судии сметаа дека претседателот во согласност со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување. Инаку Иванов помилува вкупно 56 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот