Зоран Милановиќ/ фото: ЕПА

Уставниот суд на Хрватска одлучи: Претседателот не може да биде кандидат на изборите

Уставниот суд на Хрватска заклучи дека претседателот Зоран Милановиќ, додека ја извршува својата функција, не смее да учествува во политички активности на ниту една политичка партија, соопшти во понеделник претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ.

Со тоа се исклучува секаква можност претседателот на Хрватска да биде кандидат на листата за избор на претставници или да биде предложен за кандидат за функцијата премиер на Република Хрватска и да учествува во политичката изборна кампања во тоа својство, заклучи Уставниот суд.

Оттаму додаваат дека кандидатурата на Милановиќ додека ја извршува функцијата претседател на листата на која било политичка партија или независна листа за избор на пратеници во хрватскиот Сабор и истакнувањето како кандидат за премиер или на некоја друга функција е неспојлива со неговата уставната положба и овластувања и принципот на поделба на власта.

Доколку, врз основа на неговите изјави, претседателот на републиката, додека ја извршува таа функција, се кандидира за избори во хрватскиот Сабор или се појави во јавноста како иден кандидат за премиер, мора веднаш да поднесе оставка до претседателот на Уставниот суд, во кој случај должноста привремен претседател на републиката по надлежност на Уставот ја презема претседателот на хрватскиот Сабор, велат од Уставниот суд.

Зоран Милановиќ во неделата повтори дека нема да поднесе оставка од функцијата претседател на Хрватска и дека ќе биде премиерски кандидат на СДП на изборите. Милановиќ повтори дека ќе остане кандидат за премиер без разлика дали ќе остане на листата на СДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот