Успешно лансирана меѓународна мисија: Нов „Сојуз“ полета од Бајконур на замена во вселената

Фото: EPA-EFE/Space Center Yuzhny/ROSCOSMOS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Руското летало „Сојуз“ со двајца руски и еден американски астронаут беше успешно лансирано од космодромот Бајкoнур во Казахстан кон меѓународната вселенска станица каде екипажот ќе остане во наредните шест месеци.

Кејт Рубинс од американската НАСА и руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од руската вселенска агенција „Роскосмос“ полетаа утрово во предвиденото време до меѓународната вселенска станица што кружи околу Земјата.

Таму, ќе го заменат руско-американскиот тим кој е во мисија од април и треба да се врати на Земјата за една недела.

– Минавме две недели во „Стар сити“, недалеку од Москва, а потоа 17 дена во Бајконур во многу строг карантин и сите направивме ПЦР тестови, рече американската астронаутка Кејт Рубинс пред лансирањето, најавувајќи интересни тестови во Вселената, вклучително и студија за растот на клетките во вонземски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот