Instagram
Instagram

Уште еден голем успех на Римац Невера!

Римац Невера достигна максимална брзина од 412 км/ч, што го прави најбрзиот електричен сериски автомобил во светот.

Соборувањето на рекордот продолжува откако независно потврдениот рекорд на Nevera за забрзување од 8,582 секунди беше поставен во 2021 година, што го прави најбрзо сериски автомобил во светот, според Бугати Римац, пренесе Н1.

-Максималната брзина од 412 км/ч беше целта што ја постави тимот на Римац кога автомобилот првпат беше претставен на Саемот за автомобили во Женева во 2018 година, а сега – по 1,6 милиони часа развој – таа брзина е потврдена -, се вели во соопштението.

Бугати Римац Невера се доставува до клиентите со ограничена максимална брзина од 350 км/ч, но може да достигне максимална брзина од 412 км/ч на специјални настани за клиентите со поддршка од тимот на Римац и под контролирани услови. Производството на Невера моментално е во тек во седиштето на Римац во Јанкомир, а првите автомобили се веќе кај купувачите ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот