
Уште еден авион на Боинг останал без дел среде лет
Американската федерална управа за авијација истражува како Боинг 737-800 на Јунајтед ерлајнс вчера изгубил дел пред да слета безбедно во државата Орегон. Летот на Јунајтед 433 слетал на аеродромот Медфорд околу 13:45 часот по локално време, превезувајќи 139 патници и шест членови на екипажот од Сан Франциско, соопштија ФАА и авиокомпанијата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
ФАА објави дека инспекцијата на 25 години стариот авион по слетувањето покажала дека недостасува дел од неговиот феринг. Јунајтед соопшти дека исто така ќе спроведе истрага и дека не е прогласена вонредна состојба бидејќи нема индикации за штета за време на летот. „Ќе извршиме детална проверка на авионот и ќе ги извршиме сите потребни поправки пред да биде вратен во употреба“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
Боинг не го коментираше случајот и упати прашања до Јунајтед ерлајнс. Според записите на ФАА, авионот бил произведен кон крајот на 1998 година. Рог Вали Тајмс, локален медиум во Орегон, објави драматична фотографија од авионот без дел од облогата. Сообраќајот на аеродромот накратко беше во прекин.
Компанијата „Боинг“ се најде под интензивна контрола по инцидентот со авионот на „Аљаска ерлајнс“ на 5 јануари, при што беа разгледани безбедносните стандарди и стандардите за квалитет на процесот на производство на компанијата.
Минатата недела, авион Боинг 737 МАКС на Јунајтед Ерлајнс „слета“ на тревникот во Хјустон, што предизвика истрага. Исто така минатата недела, Јунајтед Боинг 777-200 изгуби гума по полетувањето од Сан Франциско во Јапонија и беше пренасочен во Лос Анџелес каде безбедно слета.