Уредена трим патека од Ајватовци до Бучинци

Фото: Општина Илинден

Општина Илинден изгради и уреди трим патека која се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци. Патеката е во должина од пет километри и наменета е за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам. Поставени се две информативни табли во населените места Ајватовци и Бучинци, трим патеката е обележана со патокази по нејзината должина, поставени се на неколку локации летниковци со клупи за одмор, како и корпи за отпадоци.

Проектот за изградба на трим патеката е предвиден и во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите.

Општина Илинден апелира до сите посетители на оваа рекреативна локација, да бидат внимателни, да се грижат за поставените реквизити со цел да ги користат повеќе генерации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот