
Ураганот Присила стигна до западниот брег на Мексико
Циклон се формираше во Тихиот Океан покрај западниот брег на Мексико во неделата, кој се очекува да предизвика обилни дождови, но без да стигне до копното, објави американскиот Центар за предупредување од урагани (НХЦ), пренесува АП.
Препорачано
На полноќ, циклонот се наоѓал 470 километри југозападно од Кабо Кориентес, во државата Халиско, со максимална брзина на ветровите од 120 километри на час. Се предвидува дека неговиот пат ќе продолжи по должината на крајбрежјето.
Се очекува ураганот Присила, кој моментално е од категорија 1 на петстепената скала Сафир-Симпсон, „да се зајакне во наредните денови и се предвидува дека ќе стане ураган од втора категорија во текот на неделата“, објасни НХЦ во билтен.
Обилни врнежи од дожд веќе се случија на бреговите на државите Мичоакан и Гереро, а помалку обилни врнежи од дожд на бреговите на државите Колима и Халиско.
НХЦ предупреди на „ненадејни поплави, особено во области со поголема надморска височина“.
Мексико, и на западниот и на источниот брег, се соочува со сезона на циклони и урагани секоја година, обично помеѓу мај и ноември.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
17мин
-
28мин
-
31мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5