Управата на Барса со еден потег ги налути фудбалерите

фото: EPA-EFE/Toni Albir

Шпанскиот фудбалски клуб Барселона веќе неколку години има големи финансиски проблеми. Раководството на клубот се обидува на секаков начин да заработи за да го извлече клубот од големата криза во која западна.

Се намалуваат приходите на играчите, се потпишуваат разни спонзорски договори и се работи на маркетинг со полна пареа, сè со цел да се соберат пари за функционирање на клубот. Сепак, последниот потег на управата ги разочара и ги налути играчите, пишува каталонски „Спорт“.

Последниот натпревар оваа година Барса ќе го одигра на 20 декември против Алмерија, а потоа требаше да има 10-дневна пауза за Божиќ и Нова Година. Сепак, клубот добил понуда ден подоцна да одигра пријателски натпревар против мексиканската Америка во САД, а управата ја прифатила поради добрите финансиски услови.

Натпреварот се игра во Далас, што значи дека играчите не можат да одат на одмор по Алмерија, туку веднаш да се качат во авион и да патуваат за САД. Летот до Далас трае дури 14 часа, па играчите би имале два дена помалку за одмор.

„Спорт“ пишува дека Барса за тој меч би заработила дури четири милиони евра, а играчите и тренерот Чави се побуниле да одат во Далас и истакнале дека им е потребен одмор. Клубот им понудил бонус од 100.000 евра по играч доколку се согласат да одат на овој пријателски натпревар, а имаат рок од 10 дена да размислат за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот