Употребата на канабис во медицински цели стана легална и во Албанија

Медицински канабис / Фото: Архива на „Слободен печат“

Употребата на канабис во медицински цели од денеска стана легална и во Албанија. Албанскиот Парламент денеска го изгласа новиот закон – кој е силно критикуван од опозицијата, додека Владата верува дека дозволата за ограничено производство на канабис може да ги зголеми даночните приходи.

Парламентот гласаше да дозволи ограничен и контролиран раст на растенијата канабис, иако не беше прецизирано како ќе се регулира медицинскиот канабис.

Одгледувањето марихуана во минатото цветаше во Албанија, каде трговците со дрога го користеја недостатокот на стабилна влада во земјата. Но, по доаѓањето на власт во 2013 година, владата на левичарската Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама го постави уништувањето на растенијата канабис за главна цел.

Во текот на следните две години, беа уништени милиони растенија канабис со проценета пазарна вредност од седум милијарди евра, повеќе од две третини од годишниот бруто домашен производ на земјата во тоа време.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот