Фото: WikiCommons: Vilalva

УНМИК: Белград и Приштина мора да преземат одговорни чекори

Шефицата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк изјави дека лидерите во Белград и Приштина мора да преземат одговорни чекори за обнова на довербата во процесот на нормализирање на односите, пренесе Бета.

За време на дискусијата за новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, Зијаде рече дека „без видлива посветеност на политичките лидери, може да има директни последици за регионалната стабилност“.

На седницата на која се разгледува извештајот на Гутереш за периодот од 16 септември 2022 до 18 март 2023 година, Зијаде рече дека „континуираното фокусирање на вниманието“ на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија од февруари 27 и неговиот Апел за спроведување од 18 март „треба да биде придружен со смело лидерство и акција“.

„Напредокот во односите бара оние кои станаа сомнителни во намерите на другата страна да ја обноват довербата“, рече Зијаде.

Таа ги охрабри лидерите да комуницираат јасно и континуирано со граѓаните за прашања што влијаат на животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот