На 13 мај во МНТ ќе настапи француската група „К-Данс“

Уникатен спој на телото, технологијата и емоцијата за крај на 21. „Танц фест Скопје“

Големото финале на 21-то издание на „Танц фест Скопје“ ќе се одржи на 13 мај во Македонскиот народен театар со изведба на извонредната интерактивна кореографска претстава „Myselves“ на француската група „К-Данс“, пионери во спојувањето на современиот танц и дигиталната уметност.

Оваа уникатна изведба ја истражува врската помеѓу танчарот и неговите повеќе „јас“, инкорпорирајќи автономни и непредвидливи визуелни и звучни ефекти, кои ги пресликуваат емотивните и психолошките состојби на танчарот преку сензори за движење и оптичка анализа.

Поддржан од културниот центар „Интерарт“ и Францускиот институт во Скопје, овој настан носи уникатно уметничко искуство кое ги брише границите меѓу телото, технологијата и емоцијата.

Концептот, кореографијата и изведбата се на Жан-Марк Матос („К. Данс“, уметничка насока), Маријана Масон (кореограф и изведувач) и Антоан Шмит (дигитален уметник – визуелност, звук, интерактивност).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 280, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 10-11.5.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот