Фото EPA-EFE/MARTON MONUS HUNGARY OUT

Унгарија се понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина

Унгарија се понуди да биде домаќин на руско-украинските мировни преговори.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто предлогот им го дала на рускиот колега Сергеј Лавров и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

„Предложив преговори во Будимпешта, безбедно место за двете делегации”, напиша Сијарто на Фејсбук.

„Тие ми се заблагодарија и рекоа дека ќе ја разгледаар понудата”, додаде унгарскиот министер за надворешни работи.

Унгарија, како членка на ЕУ и НАТО, има блиски односи со Русија откако Виктор Орбан дојде на власт во земјата. Сепак, тој вчера ја осуди руската инвазија на Украина.

Русија вчера предложи разговорите да се одржат во Минск, но како предуслов побара предавање на украинската армија. Украинското раководство, пак, ја предложи Варшава како локација за преговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот