УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави 20 метарско платно од студентскиот дом „Гоце Делчев" / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави 20 метарско платно од студентскиот дом „Гоце Делчев“ и порача „Гоце е Македонија“

Во пресрет на утрешното чествување на годишнината на Гоце Делчев, Градскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во студентскиот дом „Гоце Делчев“ направи акција поставувајќи 20 метарско платно од зградата.

„Во жртвата нема степен.Таа завршува со чест и со име! Некои за пари клети, ние за идеали…“, пишува на платното.

Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешното чествување на роденденот на нашиот великан Гоце Делчев во истоимениот студентски дом направи акција за да ги потсетиме сите дека Гоце е Македонија, дека Гоце Делчев е фигура којашто обединува и да кажеме НЕ на сите обиди на македонската Влада или на некои странски Влади да го злоупотребат споменот на Гоце Делчев за внесување поделби и раздор во македонското општество, велат од УМС.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави 20 метарско платно од студентскиот дом „Гоце Делчев”. / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Ги повикаа младите луѓе на мирно и достоинствено одбележување

А оние било од земјава или од надвор што ќе се обидат да го злоупотребат овој лик за креирање на поделби во ова општество ниту му мислат добро на истото, ниту се достојни на ликот и делото на Гоце, а оние кои доаѓаат од странство, ниту пожелни во оваа држава. Сите останати без разлика дали од земјава или од странство се добредојдени да му се поклонат на овој македонски великан. Ова ви го кажува човек во чиешто семејство има жртви за идејата на Гоце – независна Република Македонија, додаваат од Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот