Украински суд го замрзна имотот на поранешниот претседател Петро Порошенко

EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украински суд денеска го замрзна имотот на поранешниот претседател Петро Порошенко како дел од официјалната истрага за велепредавство, соопшти денеска Државното обвинителство.

„Судот одлучи да му го конфискува имотот на осомничениот, кој му припаѓа според правото на сопственост”, се вели во соопштението на обвинителството.

Украинските власти го обвинуваат Порошенко за финансирање сепаратистички сили на истокот на земјата, но поранешниот шеф на државата ги отфрла тие обвинувања.

Порошенко, кој е индустријалец и еден од најбогатите Украинци, ја напушти државата кон крајот на декември, но најави дека планира да се врати на 17 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот