Украински медиуми: Разрешен министерот за одбрана поради серија скандали

Олексеј Резников / Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников треба да биде разрешен наскоро, објави весникот „Украинска правда“, повикувајќи се на владини извори. Неговите должности најверојатно ќе ги преземе првиот човек на Фондот за државен имот Рустем Умјеров.

„Украинска правда“ пишува дека парламентот следната недела треба да ја разгледа оставката на поранешниот прв човек на Министерството за одбрана. Имено, Парламентот на Врховната Рада на негово барање именува и разрешува министер. Дотогаш вршителот на должноста прв заменик министер за одбрана, генерал-полковник Олександр Пављук ќе ја врши должноста.

Наводно, парламентот ќе размислува за именување на Резников на позицијата амбасадор на Украина во Велика Британија. УП се повикува на извори од кабинетот на Володимир Зеленски кои велат дека Резников ќе биде разрешен по скандалот.

Според истрагата на весникот Ѓеркало Тижнија, објавена претходно овој месец, Министерството потпишало договор со турска компанија во септември 2022 година за купување зимска облека за војската во вредност од 33 милиони долари, која подоцна се покажа дека е летна облека.

Истрагата пронашла докази за поскапување, при што некои јакни вредни околу 29 долари се наведени во некои документи и по цена од 86 долари.

Украинското министерство за одбрана обвинето дека купувало униформи за војниците по „надуени“ цени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот