украина
Матурантка од Украина / Фото: Принтскрин/Твитер

Украинка ја прослави матурата меѓу урнатините на нејзиното училиште

Млада Украинка се вратила во урнатините на своето уништено средно училиште во фустан што го подготвила за матурската вечер…

Украинската матурантка во црвениот фустан дојде меѓу урнатините на училиштето на денот на матурата.

Вчера на официјалниот твитер-профил на шефот на Центарот за граѓански слободи во Украина се појави приказната на Ана Епишева, која сподели фотографија од нејзината внука во црвен фустан.

„Мојата внука оваа година требаше да заврши средно училиште. Таа и нејзините пријателки купуваа фустани и со нетрпение го чекаа денот на матурата. Потоа дојдоа Русите“, започна таа.

 

„Нејзиното училиште е уништено. Денеска се врати во она што остана од училиштето“, напиша таа во описот на фотографијата.

На фотографијата се гледа младата девојка во раскошен фустан во светло црвена боја, зад која се гледаат огромните урнатини на зграда која некогаш била нејзино училиште.

Фотографијата стана вирална на „Твитер“ и беше споделена повеќе од 7,630 пати за само еден ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот