Соледар, Украина/ Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Украинците бегаат од војната преку студената Тиса за да стигнат до Романија

Според официјалните податоци, минатата година 5.400 Украинци илегално ја минале романската граница, а наводно околу две илјади од нив успеале да ја препливаат реката Тиса.

Романските граничари претходно патролираа во таа област главно за шверц на цигари, а денес секојдневно фаќаат по десет до петнаесет бегалци од војната, пренесува „Дојче веле“.

Најголем дел од луѓето кои ја минуваат граничната река се во лоша здравствена состојба. Тие се појавуваат смрзнатни и со скршени коски бараат лекарска помош, вели портпаролката на романската полиција во областа Марамуреш.

Минатата година од Тиса беа извлечени десет мртви, пишува Дојче веле, наведувајќи дека оние кои ќе успеат да побегнат добиваат привремена заштита на една година во ЕУ, како и сите други бегалци од Украина.

Еден од шверцерите во пограничната област, Украинец кој живее во странство, но добро го познава теренот, вели дека наплаќа минимум, пренесува германскиот јавен радиодифузен сервис СВР, истакнувајќи дека шверцерите на луѓе во пограничната област имаат двогледи за ноќно гледање и знаат да заобиколат бодликави жица и патроли.

Некои Украинци рекоа дека платиле меѓу 1.500 и 10.000 евра за да им помогнат да избегаат, што во Украина се третира како кривично дело шверц на луѓе, казниво со седум до девет години затвор.

Камерите на СВР снимиле како шверцер успеал да префрли млад Украинец на романска страна. Заедно ја препливале ледената река, а младиот човек по 48 часа бил пуштен од притвор и отпатувал за Чешка каде веќе биле неговите родители.

Како што рече, во Украина секој ден се плашел да не биде мобилизиран. Една година речиси не излегувал од дома, освен кога работел на градилишта за плата.

– Никогаш не сум бил во војска, ниту сум држел оружје во рака. Сакам да работам и финансиски да ја издржувам татковината – вели младиот човек.

Во март, украинските граничари објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа како спасувачите вадат безживотно тело од реката Тиса, која ја дели Украина од Романија. Младиот човек имал 23 години и најверојатно бегал од војната и мобилизацијата.

Мажите на возраст од 18 до 60 години не смеат да ја напуштат земјата од почетокот на руската агресија, во спротивно тие се сметаат за дезертери и им се заканува затворска казна.

На почетокот на годината законот беше заострен, па дезертерите може да завршат во затвор до 12 години, пишува Дојче веле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот