Украина нареди евакуација на градот Купјанск

Харков
Харков / Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

Локалните власти на регионот Харков наредија задолжителна евакуација на градот Купјанск и околните области поради интензивното руско гранатирање. Украинските сили го ослободија Купјанск минатиот септември, а сега Русија се обидува повторно да го заземе тој град.

Во последните недели, руските сили ги интензивираа обидите да ги пробијат линиите на украинскиот фронт источно од реката Оскил и ги засилија воздушните и артилериските напади.

„Имајќи го предвид постојаното гранатирање и безбедносната состојба на подрачјето на населбата Купјан, утврдивме задолжителна евакуација“, се вели во одредбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот