Украина е подготвена да го ограничи извозот на храна во ЕУ поради штрајкот на полските земјоделци

Поле со жито во Украина
Поле со жито во Украина / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Украина е подготвена да го ограничи извозот на храна во Европската унија со цел да се ублажи загриженоста на полските земјоделци, изјави заменик-министерот за економија на Украина, Тарас Качка.

Тој посочи дека Киев може да користи алатки кои ќе го стабилизираат наглото зголемување на извозот во ЕУ.

-Ќе прифатиме извозот да не расте толку брзо и ненадејно како претходните години, рече Качка, додавајќи дека предвидливоста на пазарот во моментов е поважна за украинските производители отколку „агресивната експанзија“.

Полскиот премиер Доналд Туск вчера изјави дека неговата влада размислува за привремено затворање на границата за трговија со Украина доколку Варшава не постигне договор со Киев со кој би се ограничил увозот на прехранбени производи.

-Полска плаќа премногу висока цена за одлуката да започне слободна трговија со Украина, нагласи Туск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот