Украина бара извинување од „Фокс Њуз“ кој 20 минути емитуваше дека „Киев е руски град“

Украина денеска ја повика телевизијата „Фокс Њуз“ да се извини и да спроведе истрага поради тоа што за време на известување од Велигденски богослужби главниот град на земјата Киев го означи како „руски град“.

-Ако ова е грешка а не намерна политичка порака, треба да има извинување и да има истрага за тоа кој ја направил грешката, вели портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи.

Повеќе украински медиуми вклучително и „РБЦ Украина“ известија дека „Фокс Њуз“ емитуваа снимка од Велигденската богослужба ширум светот, вклучително и богослужбата во Москва на која присутен беше претседателот на Русија Владимир Путин.

Телевизискиот канал со седиште во Њујорк исто така сподели снимки од главниот град на Украина и најпрво ги означи настаните со „Киев-Украина“ на екранот. Меѓутоа, текстот на телопот подоцна се промени во „Киев-Русија“ што траеше 20 минути пред да биде корегирано.

Во коментар на „Икс“, претседателот на Украина Володимир Зеленски им се заблагодари на медиумите што ја пренеле вистината за тоа што се случува за време на велигденскиот прекин на огнот.

-Наместо да пренесуваат религиозни служби од Москва, фокусот треба да биде да се притиска Москва реално да се посвети на прекин на огнот и да го одржи, барем 30 дена после Велигден и да ѝ даде на дипломатијата вистинска шанса, додаде Зеленски.

Во саботата, Путин прогласи 30-дневен унилатерален прекин на огнот во воената инвазија врз Украина. Прекинот на огнот ќе трае до понеделник на полноќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот