Тестирајте се: Угледни психолози открија 9 показатели дали сте навистина добра личност

Фото: Bellmon1 / Flickr

Сигурно често слушате дека некој има „добра душа“. Љубезноста се смета за највозвишена доблест бидејќи ги обединува сите други доблести. А што навистина значи да се биде добар? Експертите ги издвоија следните девет психолошки показатели кои ја откриваат добрината на една личност, пишува „Хекспирит“ (Hack spirit).

Можете лесно да се тестирате. Дали ги имате овие особини, односно дали се однесувате на начин што подразбира добрина?

Првиот показател е емпатијата

„Тоа е како да гледате со туѓи очи, да слушате со нивните уши и да чувствувате со своето срце“, вели Алфред Адлер, угледен психолог.

Сочувството им овозможува на луѓето да бидат многу усогласени со емоциите околу себе и вистински да почувствуваат како им е на другите.

Не ги осудувајте другите

Неосудувањето е уште еден знак на добрина. Поентата е да ги прифатите другите онакви какви што се. Не се донесуваат избрзани, нагли судови или заклучоци.

Формирањето мислење врз основа на површни детали е лесно, но и погрешно. Кога не ги осудуваме луѓето, тоа значи дека сме одлучиле да ја разбереме другата личност. Познатиот психолог Маршал Розенберг рекол дека секоја осуда или критика е, всушност, одраз на незадоволена лична потреба.

Искреност

Студијата од 2021 година на 693 луѓе покажала дека оние кои се чесни и искрени имаат повисоко ниво на самоконтрола и се позадоволни од животот. Таквите личности ќе имаат и силен систем за социјална поддршка, што укажува дека искреноста не само што ја подобрува благосостојбата, туку и ги зајакнува социјалните врски.

Великодушни сте со вашето време

Кога некој е добар, се подразбира дека е и великодушен, но великодушноста се однесува и на споделување на најдрагоценото нешто со другите, вашето време. Вистинските добри луѓе великодушно располагаат со тоа, честопати даваат сè од себе за да им помогнат на другите.

Доследни сте

„Нашиот карактер е во основа комбинација од нашите навики. Бидејќи тие се доследни, честопати несвесни обрасци, тие постојано, секојдневно, го одразуваат нашиот карактер“, вели американскиот едукатор Стивен Кови.

Тој ја нагласува важноста на доследните навики во обликувањето и изразувањето на нечиј карактер.

Да се ​​биде доследен значи да се почитуваат ветувањата и обврските. Вие сте доверливи и другите знаат дека можат да сметаат на вас.

Благодарни сте и тоа го искажувате

Добрите поединци не ги земаат работите здраво за готово затоа што ги ценат малите нешта, ситниците, секојдневните чуда и добрината на другите луѓе. Кога велат „благодарам“ што често го велат, тоа навистина и го мислат.

Но, не се работи само за изразување благодарност на другите, туку и за тоа да бидете благодарни за вашиот живот, за вашите успеси како и за неуспесите од кои учиме многу.

Простувајте

Станува збор за одлука да се „пуштат“ грешките од минатото, да не се држи лутина, да не се замерува или да се критикува. Треба да се ослободите од гневот, од лутината, така е полесно да простувате. Ова не значи да заборавите или да простите неправда, туку да одлучите да се ослободите од негативноста која е поврзана со тоа.

Односите се важни, а не материјалните работи

„Животот нема смисла без меѓусебна зависност. Потребни сме еден на друг и колку побрзо го научиме тоа, толку подобро за сите нас“, порачува психоаналитичарот Ерик Ериксон.

Ако мислите дека повеќе ве интересираат луѓето отколку материјалните работи, ако ги цените моментите со другите повеќе од она што го поседувате, тоа е знак на добрина.

Се трудите да бидете подобри

Најважниот знак за вистински добра личност е континуираниот стремеж кон самоподобрување, самоусовршување. Не се работи за тоа да се биде совршени, туку да си ги признаете вашите недостатоци и да работите на тоа секој ден да бидете подобра личност.

Најважниот знак е дека вистински добрите луѓе се свесни дека никој не е совршен, вклучително и самите тие. Ги препознаваат своите слабости и работат на нив, не за да ги импресионираат другите, туку затоа што сакаат да се подобрат.

Желбата да растете, да научите и да станете најдобрата верзија од себе е најпрепознатливиот знак за вистинска добра личност. Ако постојано се трудите да бидете подобри, несомнено сте на вистинскиот пат.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот