Угинаа два коња во Зоолошка градина, се претпоставува дека биле отруени

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во скопската Зоолошка градина вчера угинале два коња. Случајот во полиција го пријавил вработен во Градината, кој се сомневал дека се отруени. Од Зоолошката градина  до денеска нема официјално исвестување за случајот.

На 29.07.2023 во 15.40 часот вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени. Се работи на расчистување на случајот – иформираат кусо од МВР.

Во Зоолошката градина во мај угина и жирафата Каспер, кај која, како што покажаа анализите, смртта настапила поради инфекција со салмонела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот