фото: EPA/ADAM VAUGHAN

УЕФА: Јеран Алварез од Атлетик Билбао суспендиран на 10 месеци

Унијата на европските фудбалски асоцијации, УЕФА, објави дека го суспендирала играчот на шпанскиот клуб Атлетик Билбао, 30-годишниот Јерај Алварез, на 10 месеци откако бил позитивен на допинг тест.

УЕФА соопшти дека Алварез бил позитивен на забранетата супстанца канренон на 1 мај.

Тој бил позитивен на допинг тестот, кој бил спроведен по првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа помеѓу Атлетик Билбао и Манчестер јунајтед (0:3).

Алварез прифатил привремена суспензија на почетокот на јуни до крајот на процесот. Потоа УЕФА отвори дисциплинска постапка против играчот на Атлетик на 10 јуни.

Шпанскиот играч изјавил дека „ненамерно“ земал канренон за лекување на опаѓање на косата и дека ја користел терапијата за алопеција.

Дисциплинската комисија на УЕФА заклучила дека Алварез ненамерно ги прекршил антидопинг правилата и одлучила да го суспендира играчот на Атлетик до 2 април 2026 година.

Тој ќе може да се врати на тренинзите на 2 февруари следната година, а инаку е член на баскискиот тим од 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот