УЕФА го суспендираше Мурињо на четири натпревари

Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Eвропската куќа на фудбалот го казни Жозе Мурињо за неговото однесување и вербалните напади кон судијата Ентони Тејлор за време и по финалето во Лигата на Европа против Севиља.

Мурињо заработи суспензија од четири натпревари, казната ќе ја одработи во новата сезона во која Рома повторно ќе игра во второто по ранг европско натпреварување.

Покрај суспензијата на Мурињо, Рома доби и парична казна од 55.000 евра и забрана да продава влезници за првото гостување поради односот на италијанските навивачи во Будимпешта. Исто така италијанскиот тим треба да стапи во контакт со унгарската федерација за исплата на оштета како компезација на штетата која ја направиле италијанските навивачи.

Заработи Рома казна и од 80.000 евра за полуфиналето против Баер Леверкузен поради палење на пиротехника, поради ова ќе мора да затоврат и 6.000 столчиња за следниот натпревар на домашен терен на европска сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот