Училиштето „Димитар Поп Георгиев – Беровски” ќе добие нова спортска сала

Фото: Општина Ѓорче Петров

Во основното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски” во населбата Хром, во делот на општина Ѓорче Петров, ќе се гради нова училишна спортска сала, со што треба да се надминат проблемите со одржување на часовите по физичко.

 Спортската сала ќе се протега на 550 м2 и ќе ги има сите услови за одржување настава по физичко образование, како и соблекувални, тоалети и просторија за реквизити. Просторот ќе биде уреден соодветно, се со цел покрај училишната настава, да може да се тренираат спортови кои што се соодветни на овој тип спортска сала – најави градоначалникот Александар Стојкоски.

Тој информира дека со години наназад наставниците од ова основно училиште се соочувале со многу потешкотии при реализација на наставата по физичко образование, а дечињата ги немале потребните услови за правилен развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот