Ученик истакнал знаме на Албанија во средно училиште во Велес

Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште во Велес.

Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“, Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено“, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот