
Учебникот полн со грешки засега нема да се повлекува, вели Шаќири
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вечерва во емисијата „24 анализа“, во врска со спорниот учебник по Историја и општество за петто одделение полн со грешки, рече дека не било во ред тоа што „виновникот сите го бараат во министерот или кабинетот“.
Препорачано
„Во законот се наведени постапките како се доаѓа до еден учебник. Има 25 фази за одобрување на еден учебник. Истиот учебник од страната на Комисијата за учебници има известие во Комисијата, каде известителот известува дека во ситуацијата каде се доставени забелешките учебникот да не се одобрува. Авторите ги изработуваат сите забелешки кои се добиени и продолжува истиот учебник во Националната комисија. каде се донесува одлука, по прифаќање на забелешките“, вели министерот.
„Според тоа што го имаме во извештајот, конкретните забелешки кои се доставени во јавноста, не се дел од забелешките кои ги имаат доставено и Бирото за развој на образованието до авторите и рецезентната комисија. Сите кои се вклучени во тоа, треба секој да да ги имаат тие забелешки за да не дојде до оваа ситуација. Ќе очекуваме во наредниот период да се достават забелешки. Според досегашните забелешки, за другите ќе треба да процени педагошката служба или формирана Комисија. До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги коригираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе од 30%, ќе заземеме став учебникот да се повлече. Очекуваме дали се само тие или има уште“, рече Шаќири.
Грешките во учебникот се технички, а тој е целосно во согласност со стандардите, тврдат авторките