Profimedia

ФОТО | Убавината им е на прво место: Мажите од ова племе се шминкаат по три часа за да ги заведат жените

Стандардите и критериумите на убавина се различни во сите краишта на светот, а во номадското племе Водабе, населено во сахарските предели на државата Нигер, жените и девојките ги оценуваат мажите врз основа на нивниот изглед.

Кај племето Водабе акцентот е на убавината.

Profimedia

Ако некогаш сте помислиле дека жените поминуваат премногу време во шминкање и дотерување, овој податок ќе ве предомисли. Мажите од племето Водабе се облекуваат, се подготвуваат и се шминкаат повеќе од три часа.

Костимите за специјалното натпреварување во убавина, кое се одржува секоја година, се подготвуваат по 365 дена, а мора да бидат шарени, чисти, убави, со мноштво аксесоари, а од боите најмногу доминираат жолтата и различните нијанси на сина.

Profimedia

Усните и носот кај мажите мора да бидат посебно нагласени, а откако сите процеси ќе завршат, мажите од племето Водабе се спремни за изборот на убавина. Тоа е дел од нивната борбена традиција. Прво парада, танц, пеење во пустината, а сето тоа со цел да ја импресионираат женската популација, која во овој случај е и жири и судија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот