
Уапсена поранешната девојка на Милош Биковиќ: Кај актерката пронајдени наркотици на аеродромот
Аглаја Тарасова, позната актерка од Русија и поранешна девојка на српскиот актер Милош Биковиќ, е осомничена за кривично дело по член 229.1, став 1 од Кривичниот законик на Русија, што се однесува на шверц на наркотици, психоактивни супстанции, нивни прекурсори или аналози, а за кои ѝ се заканува казна од три до седум години затвор, пренесува Танјуг.
Препорачано
Аглаја е приведена на московскиот аеродром „Домодедово“ откако кај неа се пронајдени 0,38 грама наркотици, јавува агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извор од безбедносните служби.
View this post on Instagram
Против Аглаја Тарасова е поднесено барање за определување мерка притвор во случајот со шверц со дрога.
Милош и Аглаја биле во врска од 2016 година, а тој во април 2018 година објави дека раскинале.
– Пријатели! За да избегнеме непотребни разговори и погрешни заклучоци, Аглаја и јас сакаме директно да споделиме важни и интимни вести за нас. За жал, по една и пол година заеднички живот, одлучивме да се разделиме. Ова се случи поради пребукирани распореди и постојани патувања – напишал тогаш актерот и додал:
– Се трудевме да ја поминеме секоја слободна минута заедно, но се покажа дека тоа не беше доволно. Ќе продолжиме да се почитуваме и сакаме еден со друг, и ќе останеме блиски пријатели и колеги. Се надеваме дека ја имаме вашата поддршка и разбирање и ви благодариме за сите топли зборови – порачал Биковиќ.
– Тој е Србин и тоа кажува сè! А мене секогаш ме привлекуваа хулигани, токму такви, со лукав сјај во очите – рекла Аглаја за руските медиуми своевремено за нејзината врска со Биковиќ.
View this post on Instagram
Милош и Аглаја соработуваа и професионално на филмот „Мраз“, а иако беа во врска малку повеќе од година и пол, Милош избегнуваше да ја прикажува убавата Русинка на социјалните мрежи, веројатно за да го скрие својот приватен живот од јавноста.
Инаку, Дарија Аглаја Тарасова е родена на 18 април 1994 година во Санкт Петербург и е ќерка на руската актерка Ксенија Рапопорт и бизнисменот Виктор Тарасов.