EPA-EFE/Marcel Van Hoorn

Уапсен уште еден осомничен за убиството на холандскиот новинар Де Врис

Уапсен е уште едно осомничено лице за убиството на холандскиот репортер Питер Р. де Врис, со што вкупниот број на осомничени се зголеми на шест, се наведува во соопштението на холандското обвинителство.

Британските медиуми наведуваат дека полицијата и обвинителството веруваат дека уапсениот бил дел од криминална организација која извршувала убиства за пари.

Осомничениот (27) е уапсен во градот Хелмонд, но неговото име не се соопштува.

Обвинителите соопштија дека веруваат дека неговата вмешаност во убиството на Де Вриј е „индиректна”.

Британските медиуми потсетуваат дека Де Врис, славна личност чие доследно известување помогнало да се решат големите национални и меѓународни криминални случаи, бил застрелан во 2021 година, на фрекфентна улица во Амстердам, што предизвика национален излив на тага.

Државното обвинителство сè уште истражува и за други инволвирани во убиството, вклучувајќи го и нарачателот или нарачателите.

Пресудата на судењето на двајцата уапсени непосредно по убиството беше одложена на 11 јули, откако судиите наредија повторно отворање на случајот по апсењето на дополнителните осомничени.

На 4 јули полицијата уапси еден Полјак за кој се верува дека помогнал во организирањето на убиството во Холандија, а еден ден подоцна и еден осомничен во Шпанија, како и уште еден на карипскиот остров Курасао.

Сите шестмина осомничени се во притвор, а обвинителите побараа доживотни затворски казни за едниот за кој се смета дека е егзекуторот и за вториот кој го возел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот