Уапсен терористот кој уби двајца Швеѓани во Брисел, тој бил човекот застрелан од полицијата

Убиство во Белгија / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Сторителот на синоќешниот напад во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани е приведен, јавија локалните медиуми.

Се наведува дека бил застрелан од полицијата во градите, но е жив.

Според извештаите на медиумите, Абдесалем Л., роден на 1 септември 1978 година, мигрант од Тунис кој илегално престојувал во Белгија, бил пронајден во кафуле недалеку од домот во кој живеел во квартот Скарбек во главниот град.

Според локалните медиуми, тој престојува во Белгија од 2019 година и поднел барање за бегалска заштита.

– Полицијата отвори оган за време на апсењето, изјави портпаролот на белгиското обвинителство, Ерик Ван Дујс, без да ја потврди информацијата на телевизијата RTBF дека осомничениот е ранет.

Локалниот градоначалник, Филип Клоз, изјави за францускиот ТВ канал BFMTV дека осомничениот се чини дека е „неутрализиран“. Ова се уште не е потврдено од властите.

Претходно, дел од бриселски медиуми јавија дека осомниочениот е застрелан во градите, но дека е жив и приведен.

Белгиската полиција застрела маж во Брисел, но не се знае дали е терористот кој уби двајца Швеѓани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот