Уапсен еден од анархистите кои го нападнаа грчкиот парламент

Како што информира грчката полиција, 36-годишeн маж бил приведен на испитување по нападот на анархистичката група „Рубикон“ врз зградата на парламентот во Атина, пренесуваат грчките медиуми.

Според информациите, приведениот е член на оваа анархистичка група која ја презеде одговорноста за фрлање димни бомби и црвена боја на ѕидовите на парламентот.

Членовите на „Рубикон“ претходно денеска на интернет објавија дека тоа ќе го сторат во знак на поддршка за осудениот терорист од ултралевичарската организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот