Македонската У15 женска фудбалска репрезентација триумфираше над Косово/фото: ffm.mk

У15: Македонските фудбалерки ја остварија првата победа на УЕФА развојниот турнир

Во периодот од 17 до 22 октомври Фудбалската федерација на Македонија е домаќин на УЕФА развојниот турнир за девојки до 15 години, на кој покрај нашата репрезентација, учество земаат и селекциите на Косово, Романија и Чешка.

На првиот натпреварувачки ден македонската репрезентација го совлада Косово со 4:0 на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“. Стрелци беа Теона Галабовска која ги постигна првите два гола и Настасја Настова која го зголеми водството на 3:0 и потоа на 4:0.

На вториот натпревар Чешка беше подобра од Романија, со идентичен резултат 4:0 на стадионот Маџари.

Следниот меч избраничките на селекторот Јовица Блажески ќе го имаат на 22 октомври против Чешка на ФФМ Тренинг центарот, а истиот ден Косово ќе ги одмери силите со Романија на стадионот Маџари.

Влезот на стадионите е бесплатен, а исто така сите натпревари можете да ги проследите во живо на ТВ платформата на ФФМ: tv.ffm.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот