Твитер го предупредува, Трамп со нов твит: Победив на изборите

Фото: EPA-EFE/OLIVER CONTRERAS / POOL

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави на Твитер дека е извршена изборна кражба и дека тој е победник на изборите.

– Победив на изборите, напиша Трамп пред неколку часа, а потоа истакна дека пребројувањето на гласовите во Џорџија е лажно.

Ова е втор победнички твит на Трамп во текот на денешниот ден за што доби предупредување од Твитер.

Трамп се фалеше и дека вакцината против коронавирусот доаѓа во неговиот мандат, додавајќи дека медиумите со лажни вести се обидуваат да му ги украдат изборите.

– Нема да го дозволиме тоа, напиша Трамп на Твитер.

Медиумите ја прогласија победата на Џо Бајден уште на 7 ноември, но Трамп одбива да го признае поразот.

Трамп вчера во еден свој твит првпат призна дека Бајден победил на претседателските избори во САД. Тој напиша дека Бајден е победник бидејќи изборите се наместени, но веднаш потоа објави и нов твит во кој тврдеше дека не признал ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот